Глобален настан

23 DecДраги СОЈУЗНИЦИ на светлината!

часот според средноевропско време, ве покануваме да се придружите на глобалниот настан:
„Планетарен настан за отворање на Портата на Земјата за Силите на Светлината“

Ние, сите заедно и во исто време ќе посветиме две минути од нашето време и ќе ја
изговориме заедно „Молитвата до Силите на Светлината“, поттикнувајќи го целото
човештво, без разлика на личните верувања, да ја отвориме Портата на Земјата за
Силите на Доброт.

 

 

Молитва до Силите на Доброто

☆☆☆

Господе,
Нека се активираат сите сили на доброто,
Да го трансформираат целиот свет
Нека силите на доброто во вид на
љубов, светлина и чистота
се придвижат и го истребат злото
па Царството Божје и Неговата Правда
да пристигнат на Земјата што побрзо
и Златното Доба да завладее меѓу луѓето.
Амин. Така нека биде.
(3 пати се повторува)

☆☆☆

Зошто?

Оваа молитва изговорена три пати е клуч за отворање на Портата на Земјата за Битијата
на светлината.
Учителот Омраам Микхаел Ајванхов вели:

„Дури ни најмоќните битија на божествениот свет не можат директно да дејствуваат на
земјата. Зошто?
Затоа што не се создадени од физичка материја. За да можат тие да интервенираат,
човечките суштества мораат сами да им дадат можност. Бидејќи земјата е како тврдина
чии жители се спротивставуваат на прифаќањето на светлосните духови, неопходни се
сојузници за отворање на портите.
На Земјата, човечките суштества се исто толку моќни колку и небесните армии, и се
додека им се спротивставуваат, тврдината останува непробојна.
Токму затоа небесата бараат сојузници на Земјата кои ќе се согласат да им дозволат да
навлезат. Духовните луѓе се токму тоа: сојузници, благодарение на кои небесата ќе можат
да навлезат во оваа тврдина наречена Земја и да променат се.

Како?

Потребно е само три пати да се изговори на глас, бидејќи говорот создава бранови кои
имаат ефект на целата креација. Доколку ние ги изговориме истите зборови во исто
време, можеме да создадеме огромен бран кој ќе биде слушнат низ целиот Универзум.
ТОА ЌЕ ВИ ОДЗЕМЕ САМО 2 МИНУТИ ОД ВАШИОТ ЖИВОТ!

Учителот често говори за мислата дека е моќна како ласер кога луѓето се обединети во
молитвата или медитацијата.

„Зборот“ е уште помоќен доколку се изговори гласно.  кој е
поволен ден, ги покануваме човечките суштества од сите земји да се обединат и да ги
изговорат гласно зборовите на „Молитвата до Силите на Доброто“ и да ги искористат
овие вселенски енергии да започнат со процесот на регенерација во нас и да ги повикаме
Силите на Светлината во целиот свет.

Кога? 

Учителот го објасни вселенското значење на годишните времиња, фазите на месечината
и солстициумите како времиња на регенерација. Така научивме дека човечкото
суштество, како дел од универзумот, учествува длабоко во природниот процес на раст и
цветање.

Како семето што ‘рти, еден процес се одвива во психата на секое човечко суштество;
за време на зимската краткодневница, во темната земја на неговата пониска природа,
семето на Божественото Себе, почнува да ‘рти. 21 декември е зимската краткодневница,
следена два дена подоцна со млада месечина.

Учителот објасни дека кога започнуваме со нешто важно, секогаш треба да го одбереме
периодот на растечка млада месечина, бидејќи согласно законот на аналогија кој
управува со универзумот, растечката фаза на месечината е погодна за природниот
процес на растење..

Ви благодариме и благословени да сте!